Исламабад: Посета на заменикот државен секретар на САД

Американскиот заменик-државен секретар Ричард Ермитаж во Исламабад разговара со пакистанските лидери за војната против тероризмот, пакистанско – индиските односи и за ситуацијата во Авганистан и во Ирак. Ермитаж побара од пакистанските власти да бидат поактивни во битката против талибанците и припадниците на Ал Каида кои се кријат на пакистанска територија.