Израел: Разговори за формирање на нова обединета влада

Израелската Лабуристичка партија денеска треба да реши дали ќе почне формални преговори со Ликуд партијата на премиерот Ариел Шарон за формирање нова обединета влада. Лидерот на Лабуристите Шимон Перез, кој вчера разговараше со Шарон, изјави дека едно од барањата за влез во владината коалиција е обновување на контактите со палестинците.