Брисел: Утре на дневен ред австрискиот план за Косово

Планот за решавање на кризата на Косово со предлози за решение на состојбата во покраината, подготвен од Австрија утре ке се најде на седницата на советот на шефови на дипломатиите од земјите членки на Европската унија. Според овој документ, прашањето за статусот на Косово за сега не би требало да се решава, косовската влада би добила повеке надлежности, а косовските срби повеке можности за самоуправа. Австрија овој план го подготви во соработка со земјите од таканареченото регионално стратешко партнерство, Полска, Словачка, Словенија, Чешка и Унгарија.