Белград: Утре продолжува судењето за убиството на Ѓинѓиќ

Судењето за убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ продолжува утре, со испитување на обвинетиот Милорад Улмер Легија. Во текот на наредните три дена Легија ќе треба да заврши со претставувањето на својата одбрана, по што ке продолжи доказната постапка. Судењето беше прекинато на 18 јуни.