Багдад: Ирачкиот премиер потпиша закон за справување со бунтовниците

Ирачкиот премиер Ијад Алави го потпиша новиот закон кој содржи мерки за справување со бунтовниците, кои беа објавени денеска во Багдад. Според законот, на безбедносните служби им се даваат посебни овластувања на одреден период и на специфични места, но како што се вели, постојат и гаранции за почитувањето на човековите права.