Пјонгјанг: Продолжува посетата на Сергеј Лавров

Северно корејскиот лидер Ким Јонг Ил денеска во Пјонг Јанг разговарал со рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, јави Итар Тас. Детали од средбата не се соопштени, но според дипломатски извори, главна тема била кризата околу северно-корејската нуклеарна програма. Лавров претходно беше и во посета на Јужна Кореја.