Тајван: 18 настрадани во поплави

Најмалку 18 лица настрадале во полавите на Тајван, предизвикани од монсунските дождови, а штетата на посевите се проценува на околу 70 милиони долари. Тајванските власти мобилизирале над 70 илјади војници кои им помагаат на најзагрозените подрачја.