Багдад: Ирак планира да објави докази за поврзаноста на Иран и Сирија со исламските екстремисти

Ирачката влада планира во текот на следната недела да објави докази за поврзаноста на соседните земји како Иран и Сирија со исламските екстремисти и приврзаниците на режимот на претходниот претседател Садам Хусеин, пишуваат британските медиуми. Ирачкиот министер за надворешни работи изјави дека неговата влада има информација од разузнавачките служби со кои се докажува дека соседните земји ги поддржуваат бунтовниците.