Сеул: Посета на шефот на дипломатијата на Русија Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот јужно-корејски колега Бан Ки Мун разговараа денеска во Сеул за северно-корејската нуклеарна програма. На прес конференција, двајцата министри изјавија дека ќе продолжи соработката со цел да се принуди Северна Кореја да ја прекине нуклеарната програма во замена за економска помош и безбедносни гаранции. Утре Лавров ќе ја посети и Северна Кореја.