Судан: Заврши посетата на Кофи Анан

Владата на Судан вети дека ќе ги разоружа арапските милитанти кои принудија над еден милион африканци да ги напуштат своите домови во западната провинција Дарфур. Исто така на активисти за човекови права ќе им биде дозволено распоредување во земјата. Ова е соопштено на крајот од посетата на генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан на Судан. Претходно во Картум беше и американскиот државен секретар Колин Пауел.