Грција: Илјадници луѓе го прославуваа пласманот во финалето на ЕП во фудбал

Илјадници навивачи во текот на минатата ноќ излегоа на улиците на грчките градови да го прослават историскиот фудбалски успех, пласманот на грчката репрезентација во финалето на Европското првенство во Португалија. Грците синоќа приредија уште едно изненадување. Во полуфинилето ја елиминираа фаворизираната Чешка репрезентација со еден спрема нула. Во финалето в недела Грција ќе игра против домаќинот Португалија. Пред почетокот на првенството Грција беше вистински аутсајдер и немаше постигнато ниедна победа на европските шампионати.