Ријад: Убиен Ал Рашид, еден од главните оперативци на Ал Каида

Полицијата во Саудиска Арабија соопшти дека во акција во Ријад против милитантите бил убиен Абдула Мухамед Ал Рашид, еден од главните оперативци на Ал Каида. Во престрелката загинал уште еден милитант и еден полицаец, а било пронајдено и поголемо количество експлозив.