Ерихон: Во акција на израелските сили, уапсени 20-мина палестинци

Израелски сили со подршка на тенкови извршиле упад во градот Ерихон на Западниот Брег, при што биле уапсени 20-мина палестинци, и пронајдено поголемо количество оружје и гранати. Агенциите јавуваат дека имало и престрелки, но нема информации за жртви или повредени.