Минхен: Принудно слетување на авион на турска авиокомпанија

Авион на Турската авиокомпанија синоќа принудно слетал во Минхен, по заканите на еден патник дека подметнал бомба во леталото. По слетувањето полицијата го упасила патникот, а во претрагата во авионот не бил пронајден никаков експлозив. Не се соопштени мотивите за заканата на патникот кој поради повредите при падот од леталото бил пренесен во болница.