Брисел: Итен состанок на ЕУ, доколку Барозо прифати да биде претседател на Европската Комисија

Португалскиот премиер Жозе Мануел Дурао Барозо денеска треба да соопшти дали ќе ја прифати понудата да стане нов претседател на Европската Комисија. Доколку прифати, во Брисел вечер ќе се одржи итен самит на Европската Унија. Како што јавуваат агенциите, на самитот се очекува Хавиер Солана повторно да биде избран за комесар за надворешна политика на Унијата.