Португалија: Чешка полуфиналист на ЕП во фудбал

На Европското фудбалско првенство во Португалија денеска и утре се денови за одмор пред полуфиналните мечеви. Со синоќешната победа на Чешка врз Данска од три спрема нула, стана познат и последниот полуфиналист. Репрезентацијата на Чешка в четврток игра против Грција, додека ден пред тоа, в среда, домаќинот Португалија се сретнува со репрезентацијата на Холандија. Победниците од овие мечеви ќе играат за европски шампион в недела, на четврти идниот месец