Анкара: Американскиот претседател Буш на средба со турските лидери пред самитот на НАТО

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска е во Анкара на средби со турските лидери пред почетокот на самитот на НАТО кој ке се одржи во Истамбул. Се надевам дека оваа средба пред самитот на Алијансата ќе биде од исклучително значење како за регионот, така и за турско-американските односи, изјави Буш по средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Американскиот претседател ја истакна и улогата на Турција која е членка на НАТО, како светска муслиманска демократија во еден, како што рече, немирен регион. За време на посетата на Буш на Анкара, за безбедноста во градот се задолжени околу 13 илјади полицајци, а десеттина улици се затворени за движење.