Ирак: Најмалку 23 загинати во бомбашки напад во градот Хила

Најмалку 23 лица загинаа, во бомбашкиот напад што синоkа се случи во градот Хила, јужно од Багдад, соопштија претставници на американските сили во Ирак. Загинатите лица се главно цивили. По соопштението за бројот на загинати лица, денеска во Багдад погодени се два објекти во кои се сместени претставници на коалицијата предводена од Соединетите држави. Засега не е соопштено дали има загинати. По инцидентот кој се случи синока во градот Хила, ирачкиот премиер Ијад Алави најави дека е можно да се одложат парламентарните избори закажани за јануари 2005 година, доколку до тогаш не се стабилизира безбедносната состојба.