Лисабон: Грција во полуфиналето, Франција елиминирана

Фудбалската репрезентација на Грција, со синоќешната победа врз Франција со еден спрема нула, се погрижи за најголемото изненадување на Европското првенство во Португалија, елиминација на актуелниот европски шампион од натамошните натпревари. Со оваа победа грците ја прекинаа и серијата на французите од давесет и еден меч без пораз. Денеска играат Шведска и Холандија, а утре Данска и за сега најуспешниот тим на првенството, Чешка.