Аланија: Едно лице загина во експлозија во хотел

Едно лице загина, а четворица беа повредени при денешната експлозија во еден хотел во турскиот град Аланија. Властите ја исклучуваат можноста дека станува збор за терористички напад, наведувајќи дека експлозијата била предизвикана од дефект во гасоводниот систем во хотелот.