Пекинг: Сериозна недоверба за севернокорејската нуклеарна криза

Меѓу шесте земји учеснички на преговорите за севернокорејската нуклеарна криза и натаму постои сериозен недостиг на доверба. Ова денеска во Пекинг го изјави претставник на кинеското министерство за надворешни работи кое беше домаќин на преговорите. Неколкудневната рунда заврши без видливи резултати, освен со најавата дека разговорите би можело да продолжат во септември годинава. Американската делегација во Пекинг понуди план за помош на Северна Кореа доколку таа ја елиминира својата програма за нуклерано вооружување.