Даблин: Протести на илјадници луѓе за време на пристигнувањето на Буш во Ирска

Илјадници луѓе синоќа во Даблин, за време кога американскиот претседател Џорџ Буш пристигна во Ирска, протестираа против американската политика во Ирак. Буш и лидерите на Европската Унија на денешниот состанок, покрај Ирак, ќе разговараат и за ситуацијата во Авганистан, за меѓународниот тероризам и за евро американската трговија. Безбедноста во Ирска, како што јавуваат агенциите, е на највисоко ниво и во неа се вклучени околу шест илјади ирски и американски полицајци.