Багдад: Координирани напади на ирачките милитанти во три града

Ирачки милитанти денеска, како што јавуваат агенциите, покренале координирани напади во три градови, Мосул, Рамади и Бакуба, каде што мнозинското население се сунтиските муслимани. Во пресметките со ирачката полиција загинале неколку десетици лица. Денеска престрелки имало и меѓу американските војници и ирачките милитанти во градот Фалуџа, но засега има нејасни податоци за бројот на жртвите. До нападите доаѓа само неколку дена пред најавеното предавање на суверенитетот на Ирак врз преодната влада.