Техеран: Осумтемина припадници на британската морнарица ќе бидат ослободени

Иранската државна агенција јави дека ќе бидат ослободени 8-мината припадници на британската морнарица, кои во понеделникот беа уапсени во иранските територијални води. Некои од уапсените британци синоќа на иранската телевизија се извинија за тоа што по грешка влегле на иранска територија.