Вашингтон: САД повикаа на поголема соработка меѓу европските и централно азиските држави

Соединетите Држави повикаа на поголема соработка меѓу Европските и Централно-азиските држави во развивањето на координирана заштита од тероризмот. Американскиот заменик директор за домашна безбедност Џејмс Лој на анти-терористичката конференција во Виена оцени дека стандардизираниот пасошки систем, кој вклучува дигитални фотографии и отисоци, може да им го отежне патувањето на терористите.