Вашингтон: Нобеловците бараат поддршка за Кери на изборите во САД

Четириесет и осум американски научници кои ја имаат добиено Нобеловата награда побараа од американците да ја поддржат претседателската кандидатура на демократскиот сенатор Џон Кери. Научниците тврдат дека политиката на републиканската администрација на Џорџ Буш ја компромитира иднината на науката во таа земја.