Солун: Уапсен бугарски државјанин

Грчката полиција денеска во предградието на Солун упасила еден бугарски граѓанин кој, како што јавуваат грчките медиуми, се обидел нелегално во таа земја да внесе деветнаесет албански имигранти. Тие, како што се додава, од Албанија влегле во Македонија, од каде што биле префрлени до грчката граница по што со камион биле преземени од уапсениот бугарски државјанин.