Техеран: Иран ќе им суди на британските морнари фатени синоќа

Иранските државни медиуми јавуваат дека властите во Техеран имаат намера да им судат на осумтемина британски морнари кои вчера, во три бродчиња, биле фатени во иранските води во близина на ирачката граница. Британското министерство за одбрана претходно соопшти дека морнарите биле задолжени за обука на ирачките сили и оти имале само лично оружје.