Сеул: Јужна Кореа и натаму планира да испрати три илјади војници во Ирак

Јужна Кореја и натаму планира да испрати 3 илјади војници во Ирак и покрај заканата од ирачките милитанти дека ќе го убијат киднапираниот јужно-корејски заложник. Сеул побара итно ослободување на 33 годишниот Ким Сун Ил, кој беше прикажан на видео снимка преку телевизијата Ал Џезеира на која маскираните киднапери се заканија дека ќе го убијат доколку Јужна Кореја за 24 часа не ги повлече своите војници од Ирак. Агенциите јавија дека се киднапирани уште десетина други странци.