Тункели: Шест жртви во судири меѓу курдските бунтовници и турската војска

Петмина курдски бунтовници загинале, а еден турски војник бил повреден во синоќешните судири во провинцијата Тункели, во источниот дел на Турција. Како што соопштија турските сили за безбедност, до инцидентот дошло кога припадници на некогашната курдска работничка партија нападнале еден воен пункт во тој регион.