Скопје: Посета на шефот на австриската дипломатија

Шефот на австриската дипломатија Бенита Фереро Валднер денеска ќе престојува во посета на Македонија. На средбите со македонскиот државен врв, како што е најавено, ќе стане збор за евро-атланските аспирации на Македонија, актуелната ситуација во земјата и за австриско – македонските односи. Валднер ќе оствари средби и со лидерите на ДУИ и на ВМРО – ДПМНЕ, Али Ахмети и Никола Груевски.