Багдад: Ирак нема да бара предавање на Хусеин додека земјата не е подготвена за судење

Ирачкиот премиер Ијад Алави изјави дека нема да бара предавање на поранешниот претседател на Ирак Садам Хусеин се додека земјата не биде подготвена да спроведе судење, соопштија претставници на американскиот сенат. По разговорот со Алави тие изјавија дека на Садам и на другите претставници на поранешниот ирачки режим ке им се суди пред судовите во Ирак. Претставниците на сенатот додааваат дека лицата ќе бидат предадени на ирачките судови откако ќе бидат подготвени обвиненијата за нив. Мегутоа, ирачкиот премиер неодамна соопшти дека Хусеин треба да биде предаден на ирачките власти веднаш по преземењаето на власта предвидено за 30 јуни.