Будимпешта: Унгарскиот премиер отпатува во посета на САД

Унгарскиот премиер Петер Меџеши денеска отпатува во повекедневна посета на Соединетите држави. За време на посетата тој ке се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш, со кого ке разговара за билатералните односи и борбата против тероризмот, како и со генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и други. Унгарскиот премиер прв пат оди во посета на Соединетите држави по зачленувањето на Унгарија во Европската унија.