Битола: Посета на претседателот на Бугарија Парванов

Бугарскиот претседател Ѓорѓи Прванов, кој од вчера е во посета на Македонија, денеска ќе престојува во Битола каде што ќе разговара со градоначалникот Златко Вршкоски. Бугарската делегација во село Цапари ќе положи цвеќе на споменикот на загинатите бугарски војници во првата светска војна. Вчера Прванов, по средбата со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, изјави дека Бугарија ќе и даде силна подршка на Македонија на патот кон НАТО и Европската Унија.