Москва: Судот го одби барањето на Јукос

Московскиот суд денеска го отфрли барањето на Јукос да го суспендира претходното барање оваа голема руска нафтена компанија да исплати околу три ипол милијарди долари на име затаен данок. Претставници на Јукос претходно наведоа дека со тоа компанијата на Михаил Ходорковски, на кого му се суди за
неисплаќање на даноци, ќе биде принудена на банкрот.