Лондон: Проведени 14 лица поради нарушување на редот

Британската полиција привела четиринаесет лица поради тоа што го нарушиле редот во едно предградие на Лондон откако англиската фудбалска реперезентација синоќа загуби во мечот со Франција на Европското првенство во Португалија. Во нередите учествувале снеколку стотици навивачи. Првенството продолжува денеска со натпреварите меѓу селекциите на Бугарија и Шведска, како и меѓу Италија и Данска.