Белград: Николиќ и Тадиќ во вториот круг претседателски избори

Скоро сите партии од владејачката коалиција во Србија му ја дадоа својата поддршка на кандидатот на Демократската партија Борис Тадиќ, кој заедно со кандидатот на Српската радикална партија Томислав Николиќ вчера влезе во вториот круг на изборите за српски претседател. Кандидатот на владејачката коалиција Драган Марќичанин кој е на четвртото место, по независниот кандидат Богољуб Тадиќ, го призна поразот, но одби да одговори кој од двајцата прво пласирани ќе го поддржи неговата партија во вториот круг по две недели.