Белград: Претседателски избори

Во Србија денеска се одржуваат претседателски избори на кои шест и пол милиони граѓани со право на глас по четврти пат за нешто повеќе од година и пол, треба изберат нов српски претседател меѓу 15-те кандидати, предложени од 11 партии, две коалиции и две групи на граѓани. Изборната комисија соопшти дека гласањето се одвива на 8.596 избирачки места, од кои 245 во Косово, 33 во странство и 15 во затворите. Според белградските аналитичари главен момент на гласањето е кој ќе му биде противкандидат на Томислав Николиќ од Српската радикална партија во вториот круг предвиден за 27 јуни, бидејки анкетите покажуваат оти после него следат, Борис Тадиќ од Демократската партија, Драган Маршичанин од Демократската партија на Србија и кандидатот на група граѓани и прв човек на компанијата БК груп, Богољуб Карич. Изборите ги следат набљудувачи од ОБСЕ, Советот на Европа, Европската унија, како и невладината организација Центар за слободни избори и демократија.