Вашингтон: Погреб на поранешниот американски претседател Роналд Реган

Високи претставници од сто шеесет и пет земји во светот се очекува да присуствуваат на денешниот погреб на поранешниот американски претседател Роналд Реган кој во минатата сабота почина на деведесет и три годишна возраст. По погребната церемонија во Националната Катедрала во Вашингтон, ковчегот со посмртните останки на Реган ќе биде пренесен во Калифорнија каде што ќе биде погребан во Регановата претседателска библиотека во близина на Лос Анџелес.