Даблин: Во Ирска и Чешка денеска избори за европскиот парламент

Во Ирска и во Чешка денеска се одржуваат избори за Европскиот парламент. Вчера тие беа спроведени во Велика Британија и Холандија, а до недела ќе се одржат и во сите други земји членки на Европската Унија. На овие избори за седумстотини триесет и две места во Парламентот во Стразбур право на глас имаат триста и пеесет милиони луѓе, што претставуваат најголемо изјаснување во историјата на Европа. Членовите на Европскиот парламент се избираат на секои пет години.