Болоња: Шестмина повредени во експлозија за време на предизборен митинг на потпретседателот на влада

6 лица биле поврдени од подметната експлозија за време на предизборниот митинг на потпретседателот на италијанската влада Џанфранко Фини во Болоња. Експлозивната направа била поставена под автомобил, а досега имаше неколку инциденти против десничарската Национална Алијанса, чиј лидер е Фини. Во Италија во наредниот викенд ќе се одржат регионални избори и избори за Европскиот парламент.