Букурешт: Денеска локални избори

Во Романија денеска се одржуваат локални избори, на кои околу 18 милиони романци треба да ги изберат новите околу 4 илјади кметови и повеке од 40 илјади советници во локалната власт. Се очекува главната борба да се води за градоначалничкото место во Букурешт. Поради важноста на функцијата, владеачката социјалдемокртаска партија на изборите го кандидира шефот на романската дипломатија Мирчеа Џоана. Од опозиционата Демократска партија кандидат за ова место е актуелниот градоначалник на Букурешт, Трајан Башеску.