Велес: Поплава на пругата Велес – Гевгелија, железничкиот сообаќај во прекин

Македонски железници соопштија дека поради поплава на пругата меѓу Велес и Гевгелија, е во прекин железничкиот сообраќај во тој правец. Поради тоа, моментално во прекин е и меѓународниот железнички сообраќај од Скопје кон Грција и обратно.