Куфа: Обновени борби меѓу американските сили и приврзаниците на Ал Садр

Во текот на изминатата ноќ во ирачкиот град Куфа биле обновени борбите меѓу американските сили и приврзаниците на шиитскиот лидер Моктада Ал Садр, при што двајца американски војници загинале. Агенциите јавија дека тоа биле најжестоки борби во изминативе 6 недели и оти борби имало и во соседниот град Наџаф.