Подгорица: Убиен директорот и главен уредник на весникот Дан

Директорот и главен и одговорен уредник на весникот Дан во Подгорица, Душко Јовановиќ изутрината бил убиен пред просториите на весникот. Според очевидци, врз него било пукано со автоматска пушка од автомобил. Јовановиќ беше висок функционер на опозиционата Социјалистичка народна партија во Црна Гора до 2001-ва година, а против весникот Дан беа поднесувани повеќе тужби поради написи во врска со шверц на цигари и трговија со жени. Против Јовановиќ беше покрената постапка и пред Хашкиот трибунал поради откривањето на идентитетот на еден заштитен сведок.