Берлин: Истрага за однесувањето на германските војници на Косово

Германскиот министер за одбрана Петер Штрук наредил истрага со која би требало да се утврди дали германските војници од составот на КФОР учествувале во злоставувањето на затвореници на Косово, Германскиот весник Билд пренесува дека постоеле фотографии за ваквото однесување на германските војници кои кружеле меѓу припадниците на меѓународните сили на Косово.