Париз: Шест лица загинаа при уривање на покривот на аеродромот во Париз

Француската полиција јави дека на аеродромот Шарл де Гол во околината на Париз загинале најмалку 6 лица кога дел од таванот на патничкиот терминал се урнал. Полицијата соопшти дека спасувачката операција се уште трае. Терминалот бил отворен за употреба пред 11 месеци.