Москва: Почнува судскиот процес против Лебедев

Денеска во Москва започнува судскиот процес против Платон Лебедев главниот акционер на нафтената компанија Јукос кој беше уапсен во јули минатата година поради економски криминал, и одбегнување на данок. По него во октомвсри беше уапсен и извршниот директор на Јукос најбогатиот човек во Русија Михаил Кодорковски чиј процес се уште не е почнат. Руските власти демантѕираат дека истрагите во Јукос се за да се спречат наводните политички амбиции на Кодорковски.