Вашингтон: САД ги отфрлија извештаите дека американските сили убиле 40 луѓе

Соединетите Држави ги отфрлија извештаите дека американските сили убиле 40 луѓе, меѓу кои жени и деца, во напад врз свадбена церемонија во западен Ирак во близина на границата со Сирија. Според американските воени власти, станува збор за напад на куќа во ова подрачје во која имало странски борци од кои 40 биле убиени и тоа во возвратен напад откако врз нивните сили бил отворен оган. По инцидентот американските сили откриле оружје, странски пасоши, сателитска комуникациска опрема, како и сириски и ирачки пари. Арапските медиуми повикувајки се на сведоци сепак и денеска тврдат дека американски хеликоптер отворил оган врз свадбена церемонија при што загинале меѓу 20 и 40 лица. Во Ирак, е велат обичај да се стрела од огнено оружје за време на прослави.