Багдад: Американскиот војник Сивиц ја призна вината за малтретирањето ирачки затвореници

Американскиот војник Џереми Сивиц денеска во специјалниот суд во Багдад ја призна вината за малтретирањето на ирачките затвореници. Се предвидува дека ќе му биде изречена казна затвор од над една година. Претходно, другите тројца осомничени американски војници не се изјаснија по обвинението.